Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер одбил понуда да стане селектор на данската репрезентација.
Според данските медиуми, Фудбалската федерација на Данска испратила понуда до Солшер кој ја одбил со изговор дека преговара со топ клуб.
Засега е нејасно за кој клуб станува збор, нема гласини кои го поврзуваат Солшер со некој сериозен тим.
Норвежанецот е без работа откако замина од Манчестер јунајтед во 2021 година.