Home » Соиграч на Столе Димитриевски уапсен за сексуален напад!

Соиграч на Столе Димитриевски уапсен за сексуален напад!

by Lina Muslija

Валенсија не ја стартуваше најдобро новата сезона во Ла Лига, а новиот клуб на Столе Димитриевски сега се соочува и со нов неочекуван проблем, откако голгетерот Рафа Мир беше уапсен поради сексуален напад.

Деталите засега не се обелоденуваат во јавноста, но „Кадена СЕР“ објави дека Мир бил уапсен од цивилната гарда доцна синоќа, по што ја минал ноќта во затворска ќелија. Мир и негов добар пријател биле обвинети дека минатиот месец сексуално нападнале две девојки на 25-годишна возраст. Инцидентот се случил во куќата на фудбалерот, а девојките случајот го пријавиле во полиција, по што следелло и синоќешното апсење.

Валенсија засега не коментира, но шпанските медиуми обелоденија дека Мир не тренирал со тимот утрово, а од клубот воопшто не знаат кога тој повторно ќе му се стави на располагање на тренерот Рубен Бараха.

Рафа Мир летово притигна на „Местаља“ на позајмица од Севилја, тимот на Валенсија има опција летово да го откупи неговиот договор за пет милиони евра, но овој голем скандал дефинитивно ќе има влијание таа клаузула да не биде активирана.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More