Home » Софија Вергара откри што мисли за пластичните операции: Ќе направам се што ќе ми падне на памет (ФОТО)

Софија Вергара откри што мисли за пластичните операции: Ќе направам се што ќе ми падне на памет (ФОТО)

by Lina Muslija

Софија Вергара отворено проговори за пластичната хирургија и откри дека планира да ја направи секоја процедура што ќе и текне.

Ѕвездата од „ Modern Family“ изјави дека сè уште не поминала под нож, но наскоро планира да оди кај хирург.

– Ќе направам секоја пластична операција што ќе ми падне на ум кога ќе почувствувам дека сум подготвена – изјавила актерката за списанието „Allure“.

Признала и дека до сега ќе оперирала многу ситници на себе да не бил нејзиниот напорен распоред како актерка.

– Посакувам да имав повеќе време за такви работи, одамна ќе бев оперирана, но не можам да си дозволам да се опоравам неколку недели поради природата на мојата работа – додаде таа.

Признала и дека е голем љубител на ботоксот, но не сака импланти. Смета дека на нејзини години тоа нема смисла.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More