Home » Софија тврди дека изградбата на пругата кон Македонија не е одложена

Софија тврди дека изградбата на пругата кон Македонија не е одложена

by Журнал.мк

Коридорот 8 е национален приоритет за Бугарија, информира бугарското Министерство за транспорт и врски и нагласува дека „не ја одложило изградбата на пругата кон Република Македонија“. Тврдењето дека Бугарија ја одложила модернизацијата на бугарскиот дел, министерството го оценува како медиумска шпекулација.

Министерството за транспорт и врски со години прави напори за развој на Коридорот 8, кој го поврзува Јадранското Море со Црното Море преку Албанија, Република Македонија и Бугарија. Од вкупно 1220 километри железница, повеќе од половина од нејзината должина – 747 километри, е на територијата на Република Бугарија.

Од нив останува да се изградат само 2,5 километри железничка пруга – од Ѓуешево до Деве Баир (границата со Република Македонија). Делот е финансиран во рамките на Програмата за транспортна поврзаност 2021 – 2027 година и ќе биде завршен согласно распоредот до 2029 година. За споредба, делницата што недостасува на територијата на РМ е приближно 70 километри, соопшти Министерството, пренесува БТА.

Според бугарското Министерство, железничката линија Радомир – Ѓуешево е во функција и по завршувањето на делницата од Ѓуешево до Деве Баир во должина од 2,5 километри, преку прекуграничен тунел ќе може да се приклучи на мрежата на операторот на Република Македонија.

„На 15 јануари 2025 согласно утврдената процедура, Бугарија ѝ предаде на Република Македонија нацрт-договор за прекуграничен железнички тунел со Република Македонија, во кој се претпоставува дека страните имаат заедничка цел – изградба на прекуграничен железнички тунел меѓу Република Бугарија и Република Македонија во граничната област, вклучително и преку спроведување на јавна набавка за изградба и надзор на изградбата на тунелот од страна на една од договорните страни и напорите за обезбедување грант помош за негова изградба, бидејќи изградениот објект треба да ги исполнува барањата на ЕУ и НАТО за ваков тип на инфраструктура. До денес нема официјален одговор од РМ“, наведуваат во својот став од бугарското Министерство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk