Home » Софија: Радев го свика Советот за безбедност поради кризата околу Украина

Софија: Радев го свика Советот за безбедност поради кризата околу Украина

by Журнал.мк

Темата на состанокот на Консултативниот совет за национална безбедност е: „Ризици и закани за националната безбедност на Бугарија. Состојба на вооружените сили. Потребни мерки“
Бугарскиот претседател Румен Радев свика за денеска состанок на Консултативниот совет за национална безбедност поради заканите по националната безбедност и состојбата на вооружените сили. Парламентарните партии кои учествуваат на правниот советодавен совет веќе добија покани од шефот на државата. Поканите ги доби и владата, јави БГНЕС.

Состанокот е закажан со почеток во 14 часот, а темата е: „Ризици и закани за националната безбедност на Бугарија. Состојба на вооружените сили. Потребни мерки“.

Предвидено е да има посебен извештај на началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов.

Свикувањето на Советот за безбедност доаѓа по оценката на министерот за одбрана Стефан Јанев дека акумулацијата на руски војници на границата со Украина ја загрозува бугарската национална безбедност.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk