Поранешната советничка во Град Скопје и член на СДСМ, Софија Куновска, во синоќешното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5, откри дека сериозно размислува за кандидатура за градоначалник на општина Центар.
„Постојано во комуникација со граѓаните има еден засилен притисок да се кандидирам за градоначалник на Центар, но сè уште не сум ја донела конечната одлука. Сметам дека треба објективно да се гледа на работите, да се направат истражувања, затоа што се наоѓате во еден меур од ваши симпатизери, пријатели, поддржувачи, но веројатно има и една друга страна која треба со време да ја дознаете, а не на избори. Но доколку се одлучам на таков чекор – би била независен кандидат,“ изјави Куновска.
Таа нагласи дека за ваква одлука е потребна внимателна проценка и дека евентуалната кандидатура ќе биде ослободена од партиска определба.