Иницијативата на Европскиот фронт за автентично толкување на одредбата со која се дефинира правичната застапеност во администрацијата не беше одобрена во Собранието. Побараа автентично толкување на Законот за вработените во јавниот сектор, да се дефинира кој процент ќе се зема како основа при вработување, тој на резидентното население или на општата популација и на кои принципи сега се врши вработување кога веќе не постои механизмот за балансирање. Фронтот е против како основа на политиките за вработување и инвестиции да се земе резидентното население. Тие бараат основата да биде општата популација.
„Кои резултати од податоците собрани за пописни цели, објавени или подготвени за потребите на корисниците како збирни податоци од пописот спроведен во согласност со законот, треба да бидат основа за распределба на бројот на планирани нови вработувања по етничка припадност во институциите од јавниот сектор?, рече Рина Ајдари, Европски фронт
„Прво, тоа значи помалку вработени во јавниот сектор, второ, помалку општински советници и трето, помалку инвестиции од дистрибуција до општините и помалку распределби на кредити кои државата ги добива во име на сите граѓани“, рече Илире Даути, Европски фронт
Балансерот како механизам беше укинат пред неколку месеци, со одлука на Уставниот суд.