Home » Собраниска битка за чесноста – Петрушевски цврсто зад Тошковски

Собраниска битка за чесноста – Петрушевски цврсто зад Тошковски

by Журнал.мк

Утрешната седница во Собранието ќе биде повеќе од обична политичка дебата — ќе биде вистинска битка меѓу чесноста и подмолноста. На мета на нападите е министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, човек што со своето дело стана симбол на правдата, честа и љубовта кон Македонија. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, најавува силна поддршка за министерот и за сите оние што веруваат во праведна и достоинствена држава, истовремено остро осудувајќи ги обидите за политичка злоупотреба на трагичните настани од страна на Левица.

Стојам цврсто и гордо зад министерот Панче Тошкоски. Зад Македонија што се бори. Зад правдата која конечно доби име и презиме. А ти?

Утре, во Собранието, ќе се води битка меѓу чесноста и подмолноста. На удар е министерот Панче Тошкоски — човек кого го познавам долги години, човек што е синоним за чест, правда и бескрајна љубов кон Македонија, истакна Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Подносители на интерпелацијата? Левица — политички шарлатани и квази-патриоти. Истите тие кои беа најгласни слуги на “шарената револуција”, што го донесе најголемиот криминал и најдлабоките национални понижувања. Денес, како политички некрофили, тие се обидуваат да тргуваат со болката на народот и да извлечат ситен политички профит од трагедијата во Кочани. Бесрамно!

Но, вистината е јасна: За првпат во Македонија, по трагедија, неселективно и одговорно се поднесуваат кривични пријави против сите виновници — без оглед на функција или моќ. Повеќе од 70 лица се опфатени: министри, градоначалници, инспектори, полициски службеници.

Денес е поинаку. За разлика од минатото, кога “кабелот” беше виновен, а вистинските виновници беа заштитувани, денес правдата говори со дела.

Панче Тошкоски испиша нова страница во борбата против криминалот:

Сузбиени се 14 криминални групи и една терористичка ќелија;

Приведени се поранешен вицепремиер, врховен судија, член на Советот на јавни обвинители и директори;

Спречени се меѓународни транспорти на кокаин, марихуана и екстази (над 4 тони запленети дроги);

Разбиена е цела мрежа на корумпирани цариници;

Криминалот е намален за 4,8%.

Токму затоа Левица крева врева. Страв им е од правдата и одговорноста.

Оваа битка не е само на Панче! Ова е битка на сите кои веруваат во чесна, праведна и достоинствена Македонија! Стојам цврсто и гордо зад министерот Панче Тошкоски. Зад Македонија што се бори. Зад правдата што конечно има име и презиме. А ти?

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk