Home » Собранието ги утврди предлог-одлуките за бројот на потпретседатели и за основање на постојани работни тела

Собранието ги утврди предлог-одлуките за бројот на потпретседатели и за основање на постојани работни тела

by Журнал.мк

Собранието на денешната трета седница ги утврди предлог-одлуките за бројот на потпретседатели и за основање на постојани работни тела.

Одлуката за утврдувањето на бројот на потпретседатели на Собранието гласаа 84 пратеници. Собранието има пет потпретседатели.

Деведесет и еден пратеник гласаа „за“ утврдување на одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието, односно формирање на собраниските комисии – Комисијата за уставни прашања; Законодавно-правната комисија; Комисијата одбрана и безбедност; Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците; Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија; Комисијата за европски прашања; Комисијата за прашања на изборите и именувањата; Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на грашанинот; Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање; Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите; Комисијата за финансирање и буџет; Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика; Комисијата за земјоделство, шумартсво и водостопанство; Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање; Комисијата за образование, наука и спорт; Комисијата за култура и туризам; Комисијата за здравство; Комисијата за социјална политика, демографија и млади; Комисијата за локална самоуправа; Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за деловнички и манднатно-имунитетни прашања.

По гласањето на првата точка, пратениците од „Европскиот фронт“ ја напуштија собраниската сала.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk