Home » Собранието ги одложува сите активности планирани за неделава

Собранието ги одложува сите активности планирани за неделава

by Журнал.мк

Македонското Собрание ги откажува сите активноти планирани за неделава поради трагедијата што се случи во Кочани.

– На координацијата претседателот на Собранието Африм Гаши предложи, а присутните едногласно усвоија заклучок дека сите активности на Собранието закажани и планирани за оваа седмица се откажуваат. Собранието ќе заседава само доколку има потреба од усвојување на акти поврзани со трагедијата во Кочани.

Денешната координација се одржала во 10 часот во Сала на Влада на Собранието, а на неа присуствувале претседателот на Собранието, потпретседателите и координаторите на сите пратенички групи, како и генералната секретарка и претставник од Владата.

Координацијата започнала со оддавање почит на трагично загинатите во пожарот во Кочани. Присутните изразиле сочувство до семејствата на загинатите во пожарот и надеж дека хоспитализираните ќе се вратат кај своите семејства во добро здравје што поскоро.

Ноќта во саботата изби пожар во дискотека во Кочани во кој животот го загубија 59 лица, а над 150 беа повредени.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk