Home » Собранието ги констатираше оставките на Ковачевски и Џафери

Собранието ги констатираше оставките на Ковачевски и Џафери

by Журнал

Пратениците во Собранието ги констатираа оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Ковачевски и Џафери, како што беше истакнато од собранискиот потпретседател Горан Мисовски, изјавиле дека нема да ги образложуваат оставките.

Најавата за поднесените оставки на Ковачевски и Џафери беше поздравена со аплауз од поголемиот број пратеници.

Инаку и двајцата оставките ги поднесоа вчера (25 јануари) како вовед на изборот на техничката влада на 28 јануари.

На седницата, која е во тек, пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски, го образложи и предлогот Јован Митрески, досегашниот координатор на пратеничката група на СДСМ, да биде избран за нов претседател на законодавниот дом.

Се очекува Митрески да биде избран за претседател на Собранието. Врз основа на Деловникот, за претседател на Собранието е избран кандидатот што добил мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. По изборот и свечената заклетва, се очекува Џафери да му ја предаде функцијата на Митрески.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk