Home » Собранието ги изгласа измените на Законот за средно образование

Собранието ги изгласа измените на Законот за средно образование

by Журнал.мк

Собранието попладнево, во рамки на 42 седница, го донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование, по скратена постапка, кој беше изгласан со двојно гласање односно и со гласовите на присутните пратеници кои им припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во државава.

Со измените се дефинираат одредби со кои средното образование се уредува како институционално, кадровски и содржински организирано на начин кој овозможува образование за сите ученици, вклучително и деца со попречености, формирање на инклузивни тимови и поддршка за ученици со попреченост.

Се воведуваат одредби за кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование. Со новиот закон се воведува и нова Концепција за испити на крајот на средното образование, а првпат во средните училишта се овозможува ученичко организирање и учество.

Минатиот вторник пратениците по скратена постапка донесоа шест закони од образованието – Законот за субвенциониран студентски оброк, со којшто се зголемува опфатот на корисници на студентски оброк, како и измените на Законот за основно образование и Законот за учебници за основно и средно образование, Законот за стручно образование и обука, Законот за просветна инспекција и Законот на Бирото за развој на образованието.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk