Home » Собранието донесе неколку законски решенија

Собранието донесе неколку законски решенија

by Журнал.мк

Собранието во рамки на денешната 31. седница донесе неколку законски решенија откако за нив претходно била завршена расправата. Пратениците ги изгласаа Предлог на законот за изменување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство – Прво читање, Предлог на законот за изменување на Законот за комуналните дејности, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за финансиската полиција, Предлог на законот за изменување на Законот за градење и Предлог на законот за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, сите по скратена постапка.

Беа изгласани и финансиски планови на неколку институции – Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2024 година со дополнување и пренамена на средства, Финансискиот план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2025 година со пренамена на средства, Предлог на одлуката за давање согласност на Предлогот на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година и Предлог на одлуката за давање на согласност на Предлогот на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 година, и двата во второ читање.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk