Home » Собранието донесе два закона по скратена постапка и неколку одлуки

Собранието донесе два закона по скратена постапка и неколку одлуки

by Журнал.мк

Собранието вечерва во рамки на 13. седница го разгледа и по куса дискусија го донесе Законот за изменување на Законот за железничкиот систем, по скратена постапка, со кој се укинува обврската на државава за либерализација на железничкиот сообраќај.

Со предлог текстот на Законот се предлага приватно домашно или странско правно лице да може да врши јавен железнички превоз на патници и стока согласно со одредбите од Законот по пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската Унија.

По скратена постапка беше донесен и Законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци–Штип и патна делница Кичево-Охрид.

Собранието без расправа го изгласа и предлогот за именување на Елена Маркова Велинова да биде изменувана за член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.

Пратениците вечерва ги донесоа и Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“, Одлуката за разрешување на членовите на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор и Одлуката за разрешување на членовите на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации.

Со тоа беа исцрпени сите точки од 13. седница.

Претходно Собранието со 21 гласа „за“ и 72 „против“, без ниту еден воздржан, не ја прифати интерпелацијата за претседателот на законодавниот дом Африм Гаши.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More