Home » Собранието ќе ja одржи 140. седница

Собранието ќе ja одржи 140. седница

by Журнал

На дневен ред на седницата е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри – Второ читање. Од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС)

За денеска е најавено дека кај паркот „Жена борец” спроти Собранието изјави за медиумите за овој предло-закон ќе дадат изјави Горан Стоименов од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС и Васко Илиевски од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија- АСОМ.

Пратениците ќе расправаат по Предлог на законот за изменување на Законот за судска служба, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за јавнообвинителска служба, по скратена постапка, Предлог на законот за борба со допингот во спортот и негово спречување, по скратена постапка, Предлог на закон за ратификација на измените и дополнувањата на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (консолидирана верзија), Предлог на одлуката за именување на директор на Агенцијата за квалитет во високото образование, Предлог на одлуката за именување на членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Предлог за именување на член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Во рамки на оваа седница се и неколку предлог-закони за инвестициски проекти – Предлог на законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, Предлог на законот за реализација на Стратешкиот инвестиционен проект „Соларен парк Стипион“ и Договор за стратешки инвестиционен проект „Соларен парк Стипион“, Предлог на законот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ, Предлог на законот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект МИТИЛИНЕОС когенеративна постројка Скопје, Предлог на законот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект соларна електрична централа – Пехчево, сите по скратена постапка.

Исто така, на оваа седница се и Предлог на законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи (*) – Прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската академија за науките и уметностите, Предлог на законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка -Предлог на законот за изменување на Законот за нотаријатот, по скратена постапка -Предлог на закон за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (*) – Прво читање, Предлог на законот за дополнување на Законот за извршување – Прво читање, Предлог на законот за дополнување на Законот за правосудниот испит – Прво читање.

На дневен ред на оваа седница и се неколку предлог-одлуки за испраќање на припадници на АРМ на меѓународни операции – Предлог – одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, Предлог на одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во операцијата на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, Предлог – одлуката за изменување на Одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk