Home » Собранието ја прифати оставката на Таравари

Собранието ја прифати оставката на Таравари

by Журнал.мк

Собранието денеска ја констатираше оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, како и на заменик министерот за земјоделство, Флакрон Беџети и заменичката за одбрана Елфете Исмаили, сите од редовите на Алијанса за Албанците

Оваа одлука следува откако, Таравари одлучи Алијанса за Албанците на локалните избори да настапи со свои листи за советници, наместо со Коалицијата Вреди. Од Коалицијата го обвинија за соработка со ДУИ.

Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска на седницата соопшти дека тројцата министри не се појавиле да ги образложат оставките, со што Законодавниот дом констатира дека им престануваат мандатите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk