Home » Собрани 1.938 крвни единици во Општина Центар годинава

Собрани 1.938 крвни единици во Општина Центар годинава

by Журнал.мк

По повод Светскиот ден на крводарителството Општина Центар ја известува јавноста дека Општинската организација на Црвен Крст Центар од јануари до мај 2024 година, има организирано 41 крводарителска акција во која се обезбедени 1938 крвни единици. Со овие бројки нашата општинска организација значително придонесува во задоволување на потребите за крв потребна за спасување живот.

Општина Центар во соработка со Црвен Крст секоја година организира по 3 крводарителски акции односно четири пати во една календарска година.

За учество во крводарителските акции и успешно спроведените заеднички проекти Црвен крст пред неколку месеци му додели признание на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Инаку Општина Центар реализира низа успешни проекти меѓу кои годинава за првпат за лицата со попреченост да добијат бесплатен превоз до здравствените установи. Одличен хуман проект со кој општината го олеснува животот на оние на кои тоа им е најпотребно.

Соработка има и во рамки на едуцирање на децата од градинките за здравите хигиенски навики како и едуцирање на предшколскиот и наставниот кадар со учениците од 8 одделение како да постапуваат во ургентни ситуации.

Општина Центар ќе продолжи да ја негува соработката која во иднина уште повеќе ќе се продлабочи и ќе донесе нов квалитет во животот на Центарци.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More