Home » Со проекцијата на филмот „Сто лаги“ вечерва се затвора неделата на јапонски филм во Кинотека

Со проекцијата на филмот „Сто лаги“ вечерва се затвора неделата на јапонски филм во Кинотека

by Lina Muslija

Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан играниот филм „Сто лаги“. Со оваа проекција се затвора неделата на јапонски филм.

Филмот раскажува за еден излитен трговец со антиквитети, Норио, кој наоѓа вредна шолја чај од најпознатиот јапонски мајстор за чај Сен но Рикју од 16 век, кога пребарува во складиште на богато семејство. Норио го измамува сопственикот на куќата Сасуке и успева да ја добие шолјата речиси за ништо. Но излегува дека Сасуке е измамник и шолјата за чај ја направил самиот. Потоа Норио дознава дека Сасуке порано бил надежен грнчар, но бил спречен од автентикаторот на антиквитети. И Норио има болни искуства со истиот автентикатор, па двајцата решаваат да направат измама со која ќе се одмаздат на автентикаторот. Но оваа измама, која ги вклучува и нивните сопруги и деца, ќе тргне по сосема неочекуван пат.

 

СТО ЛАГИ e комедија е во режија она Масахару Таке, современ јапонски режисер, ценет од критиката, кој во исто време е еден од нагледаните современи јапонски режисери. Неговоиот филм ЉУБОВ ОД 100 ЈЕНИ (2014) беше јапонски кандидат за оскар за најдобар интернационален филм. СТО ЛАГИ е првиот дел од неверојатно успешната трилогија режирана од Таке која ги следи авантурите на шармантните Норио и Сасуке.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk