Со доаѓањето на топлото време, многумина се посветија на уредување на своите градини, можеби не сте знаеле, но постои многу ефикасно и природно решение.
Плевелот е еден од најголемите проблеми бидејќи еупорен и не е лесен за отстранување. Рачното отстранување трае долго време, а хемиските агенси не се секогаш добро решение, па затоа видаваме идеја како да се ослободите од овие упорни растенија на природен начин. Солта, т.е. натриум хлоридот, е природен лек за плевел. Сепак, не секоја сол е подеднакво ефикасна кога станува збор за контрола на плевелите.
Мора да се користи обична јодирана или нејодирана кујнска сол. Важно е да се користи натриум хлорид, а не магнезиум сулфат.

Солта е најефикасна како хербицид кога се меша со вода. Ако користите сол против плевел во градина со други растенија што не сакате да ги уништите, направете послаба смеса – сол и вода во сооднос 1:2.
Ако ја користите смесата на места каде што има само плевел, можете да направите поцврста смеса, сооднос 2:1. Сепак, бидете внимателни бидејќи оваа количина сол дефинитивно влијае на pH вредноста на почвата. Нанесете ја смесата директно на листовите од плевелот. Солената вода може да се нанесе со распрскувач или може да се истури од сад.