Вчера на МРТ1 беше промовирана песната ,,Маратон” со која Македонија ќе учествува на Детска Евровизија во Мадрид, Шпанија, на 16-ти ноември.
Ќе ја изведат Ана Ванчевска (14) и Алексеј Ивановски (13) од Битола, кои беа избрани на аудиција организирана од јавниот сервис. Автор на ,,Маратон” е Лазар Цветковски, а текстот е на Магдалена Цветковска,
За истата е изработен видео запис во комплетна продукција на МРТ, кој се снимал на повеќе локации.
Инаку, ова ќе биде 22-ро издание на Детската Евровизија, а Македонија учествува од самиот почеток.
Најдобар пласман на земјата е освоено петто место, а најлош – последно место.