Home » Со нож тешко повреден 36 годишен тетовчанец, однесен во Клиничкиот центар во Скопје

Со нож тешко повреден 36 годишен тетовчанец, однесен во Клиничкиот центар во Скопје

by Журнал

Во Тетово вечерва расправија меѓу двајца мажи на 36 и 37 години преминала во физички напад и ранување со нож.

Тешко повреден е помладиот 36 годишник, кој по пружената помош во тетовската болница бил однесен на скопските клиники.

– Денеска (27 јануари) околу 21 часот и 45 минути, на улица „Страшо Пинџур” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 36-годишниот тетовец Д М.Тој се сомничи дека околу 18 часот и 15 минути, на улица “Илинденска” во Тетово, физички го нападнал и со остар предмет го повредил 37-годишниот Ф.И., исто така, од Тетово. На повредувањето му претходела нивна меѓусебна вербална расправија, а Ф.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По приведувањето Д.М. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk