19 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Со мерките на СДСМ средствата од ИПАРД програмата имаат реализација од 99%, нови 13,3 милиони евра за поддршка на земјоделците

Најчитани вести

Средствата за национална поддршка во земјоделството и руралниот развој од ИПАРД програмата за оваа година имаат реализација од 99 %. Ова е историска година во која државата, предводена од СДСМ за прв пат не плаќа пенали за неискористување на овие европски средства.

Преку ИПАРД 2 програмата досега се склучени 1.441 договор со вкупна вредност од 32,2 милиони евра.

Благодарение на мерките и на политиките на СДСМ за развојот на земјоделството и искористеноста на средствата од националната програма за поддршка во земјоделството и руралниот развој има реализација од 100 %.

Веќе е објавен јавниот повик со кој на граѓаните, за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи на располагање им се ставени нови 13,3 милиони евра.

Со овој повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестират во опрема и отварање на преработувачки капацитети.

Преку осовременување на постоечките и отварање на нови производствени капацитети ќе се зголеми производството, пласманот на домашните преработки и девизен прилив од извозот на домашните производи.

Финансиските средства се доделуваат како неповратни поддршка со кофинансирање.

Притоа 75% од средствата се обезбедени од ИПАРД 2014-2020 а 25% од Буџетот на државата. СДСМ уште еднаш потврдува дека во фокусот е развојот и унапредувањето на преработувачките капацитети во агро секторот.

СДСМ посветено се грижи за земјоделците, преку бројните програми и мерки, како што се: финансиската поддршка за младите фармери од 20 илјади евра, поддршка за жените земјоделки, зелената нафта, навремената и неселективна исплата на субвенциите, решавањето на проблемите со откупот.

Истовремено инвестициите во патната инфраструктура, нови водоводи и канализации имаат за цел да обезбедат подобри услови на живот на жителите во руралните краишта.

Ги враќаме парите во семејните буџети и обезбедуваме повисок животен стандард за сите граѓани.

На прав пат сме!

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести