Home » Со малку работа можеме да ги направиме работите подобри, овој план за раст е многу поразличен од досегашните понуди, порача О’Брајан

Со малку работа можеме да ги направиме работите подобри, овој план за раст е многу поразличен од досегашните понуди, порача О’Брајан

by Журнал

Со малку работа можеме да ги направиме работите подобри, овој план за раст е многу поразличен од другите понуди што доаѓале, бидејќи не треба да правите реформи за да бидете оценувани потоа, туку тие ќе овозможат побрз пристап до заедничкиот европски пазар, изјави помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајан.

„Никогаш не сте биле поблиску. Ова е план за надеж…САД секогаш стојат зад Македонија и ја поддржуваат Македонија. Навистина сме горди што сме сојузници и што работиме со оваа Влада која во нејзините последни денови е домаќин на оваа важна иницијатива. Планот за раст на ЕУ не е како никој друг план што сме го виделе досега, бидејќи не треба да правите реформи за да бидете оценувани подоцна, туку ако направите одредени реформи тогаш вашите компании и вашите луѓе многу брзо ќе ги уживаат четирите слободи на ЕУ – слобода на движење и можност да работите каде сакате, слободно движење на капиталот и услугите. Тоа е суштината на заедничкиот пазар, затоа сум задоволен што сум тука со Јан Копман кој ја дизајнираше оваа програма, вели О’ Брајан.

Тој додаде дека денеска ќе работат на две прашања – практични идеи кои ќе им овозможат на луѓето слобода да ги развиваат нивните економии и практики кои треба да ги следиме.

„Овој регион има многу иницијативи, а тоа што е важно е што ќе биде реализирано помеѓу состаноноците, и ние имаме план за тоа. Она што сакаме да го видиме е луѓето да добијат повеќе можности, за сите политички проблеми низ регионот секоја влада се согласи и сега јавно се согласуваат дека сите шест земји ќе мора да работат заедно за луѓето од регионот да добијат вистински можности и поскоро да станат дел од ЕУ. Денеска е добар момент и ќе се обидеме да постигнеме напредок, рече О’Брајан.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More