Home » Со кој бренд на телефон се најзадоволни и најсреќни корисниците?

Со кој бренд на телефон се најзадоволни и најсреќни корисниците?

by Журнал.мк

Претпоставуваме дека веќе знаете од кој бренд телефони се најзадоволни корисниците, но изненадување претставува фактот што Android моделите фатија приклучок со iPhone уредите.

Дали сте задоволни од чувството на вашиот мобилен телефон во рака? ASIC (American Consumer Satisfaction Index) неодамна спроведе истражување меѓу 12.414 корисници во САД и рангираше четири главни бренда според нивото на задоволство на нивните сопственици од брендот на смартфонот. iPhone повеќе не е на прво место и е израмнет со Samsung Galaxy телефоните.

Истражувањето покажува дека помеѓу април 2023 и март 2024 година, двата бренда со најголемо задоволство на корисниците се Apple и Samsung. Двата бренда постигнаа 82 поени, при што првиот порасна за 1 поен, а вториот за 2 поени. Samsung, кој заостануваше минатата година, се израмни со Apple во еден потег, а двата гиганти повторно се израмнети по 2022 година.

Сепак, ASIC откри дека ако го погледнеме само задоволството на корисниците на 5G мрежите, Samsung води пред Apple со 83 поени наспроти 82.

Google се најде на третото место на листата брендови на мобилни телефони во САД, но неговиот резултат беше за еден поен послаб од минатата година. Сега е израмент на третото место со телефоните на Motorola и со резултат од 77 поени. Просечниот рејтинг на останатите брендови беше само 72 поени, што е благ пораст од 1 поен во однос на истиот период лани.

ACSI верува дека како што се зголемува популарноста на 5G смартфоните, така се зголемува и задоволството на потрошувачите. Нивото на задоволство на корисниците на 5G мобилни телефони е за 9 процентни поени повисоко отколку на традиционалните паметни телефони.

Дали се согласувате со резултатите од оваа анкета или имате свој фаворит?

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More