Home » Со хеликоптер се спасуваат луѓе од превртен чамец во Мавровско Езеро

Со хеликоптер се спасуваат луѓе од превртен чамец во Мавровско Езеро

by Журнал.мк

Преку единствен број за итни повици 112 во 12.37 часот на ден 15.03.2025 година од страна од случаен минувач добиена е информација за превртен чамец со две лица во Мавровско Езеро. Лицата во моментот се држат за чамецот и самата струја ги носи кон хидроцентралата.

Од наша страна веднаш е стапено во контакт со Диспчерски центар на ЕЛЕМ и со директорот на ХЕЦ Маврово и известен сум дека немаат исправен чамец.

Известено е одговорното лице од Ренџерска служба од Национален парк Маврово и од истите известен сум дека имаат чамец и поради силниот ветер во Мавровското езеро има бранови и луѓето не се специјализирани за спасување во води и претставува потенцијална опасност да ги загрози и своите вработени. Во истиот момент преку РЦУК Тетово известени се ПС Маврово, ДЗС Гостивар, Општина Маврово и Национален парк Маврово ренџерска служба. Испратено е барање до ДЗС за ангажирање на чамец и специјализиран тим за спасување во води.

Исто така од наша страна испратено е барање на МВР за нивна проценка и ангажирање на специјален тим со чамец или хеликоптер се со цел да се спасат двете лица во Мавровското езеро. Известен е директотор на ХЕЦ Маврово привремено да го запре производството на електрична енергија како би се избегнале струите во изерото.

Од страна на Раководителот на СОК сум известен дека ќе биде ангажиран хеликоптер со лица од спцијална единица (Тигри), а чамецот ќе биде обезбеден од страна на одговорното лице од ренџерите во Националниот парк Маврово. Во тек е координативната акција за спасување на двете лица во превртениот чамец.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk