„Пулс од 2012 до 2025, истрага од 2025 до 2038, судење од 2038 до ???“, ова беше транспарентот со кој се предводеше протестот на родителите и семејствата чии блиски загинаа во дискотеката на смртта во Кочани. Тие маршираа низ градот, а пораките ги испратија преку транспарентите.
„Стоп за селективна правда“, пишуваше на еден од нив, а на друг пак се додава: „Коруптивниот систем ни ги уби децата“.