Home » Со Европа ќе владеат жени! Овие 5 европски принцези се први во редот за наследување на тронот и еден ден ќе станат кралици – сите се прекрасни, образовани и со беспрекорен углед

Со Европа ќе владеат жени! Овие 5 европски принцези се први во редот за наследување на тронот и еден ден ќе станат кралици – сите се прекрасни, образовани и со беспрекорен углед

by Lina Muslija

Европската аристократија можеби повеќе нема влијание како некогаш, бидејќи светот многу се промени од времето кога на чело на државите беа кралевите и кралиците, но во некои земји таа традиција сè уште се чува, а кралските семејства сè уште имаат одредена моќ.

Знаеме дека е така во Велика Британија, Шпанија, па дури и во Холандија и Данска, а еве како ќе изгледа политичката сцена во овие земји кога ќе дојде до смена на генерации и кралевите ќе ги заменат нивните принцези.

Имено, неодамна наидовме на видео на кое се прикажани идните кралици на Европа. Станува збор за млади жени кои во еден момент ќе ја наследат власта од нивните татковци, а еве за кои принцези станува збор:

 

Леонор од Шпанија

Леонор е најстарата ќерка на шпанскиот крал Филип VI и кралицата Летиција.

 

 

Таа е прва во редот за наследување на шпанскиот престол, а според Уставот на Кралството Шпанија од 1978 година, откако нејзиниот татко стапна на тронот на 19-ти јуни 2014 година, таа стана потенцијален наследник на престолот на Шпанија.

Леонор ќе стане третата владејачка кралица на Шпанија и првата жена на чело на државата по 150 години.

 

 

Елизабета од Белгија

Престолонаследничката Елизабета од Белгија е ќерка на белгискиот крал Филип и неговата сопруга кралицата Матилда.

 

 

Таа моментално е прва во редот за наследување на белгискиот престол и затоа ја носи титулата наследник на тронот од 21-ви јули 2013 година, кога нејзиниот татко Филип стана крал.

Таа има двајца помали браќа, принцот Габриел и принцот Емануел, и една помлада сестра, принцезата Елеонора.

 

 

Ингрид Александра од Норвешка

Принцезата Ингрид Александра од Норвешка е внука на кралот Харалд V. Таа е втора во редот за норвешкиот престол по нејзиниот татко. Во одреден момент, таа се очекува да стане втората жена монарх во земјата, по кралицата Маргарет од 15-от век.

 

 

Ја претставува петтата генерација на норвешкото кралско семејство од куќата Глуксбург.

Таа е многу вклучена во работата на кралското семејство, а се подготвува да ја преземе функцијата командант на норвешката кралска авио флота.

 

 

Катарина Амалија од Холандија

Катарина Амалија, родена во 2003 година, е наследничка на тронот на Кралството Холандија, како најстара ќерка на холандскиот крал Вилем-Александар и кралицата Максима.

За разлика од другите членови на кралското семејство, таа се школувала во државно училиште, а во својата земја е позната по хуманитарната работа.

 

 

Викторија од Шведска

Викторија, војвотката од Вестерготланд е најстарата ќерка на кралот Карл XVI Густаф и кралицата Силвија од Шведска, и наследничка на шведскиот трон.

 

 

Таа прва стана принцеза престолонаследничка, откако беше сменет законот на 1-ви јануари 1980 година, кој налагаше дека престолот мора да го наследи најстариот машки потомок.

Во 2010 година, Викторија се омажи за нејзиниот поранешен личен тренер, Даниел Вестлинг, кој по венчавката стана принц Даниел, војвода од Вестерготланд, а нивната венчавка беше опишана во медиумите како „најголемата европска кралска венчавка“ од венчавката на принцот од Велс и Лејди Дајана Спенсер во 1981 година.

 

На настанот присуствуваа повеќе од 1200 гости, меѓу кои и престолонаследникот Александар II Караѓорѓевиќ и принцезата Катарина.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More