Имено, мажот е уапсен откако возел во погрешна насока на улицата каде што живее Тејлор Свифт, нагло свртел и удрил во хидрант и во домот на 32-годишната пејачка во Њујорк.
ТМЗ пренесува дека избезумениот обожавател излегол од автомобилот, отишол до домофонот и се обидел да го извлече од ѕидот постојано мрморејќи за Тејлор.
Откако очевидците повикале полиција, мажот бил приведен и пренесен во блиската болница на психијатриска проценка. Полициските службеници додале дека уапсениот бил под дејство на алкохол. Се уште не е утврдено дали Тејлор Свифт била дома за време на инцидентот.