Вчера полициски службеници од одделението Групчин во 16:05 часот го уапсиле 41-годишниот С.М. од с.Палатица.
„Пријавата е дека околу 15.00 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово со неговото возило се обидел да го удри С.У.(64) од Тетово и неговиот малолетен внук, по што излегол од возилото, им се заканувал и се обидел физички да го нападне С.У“, информираат од СВР Тетово.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвена соодветена пријава.