Home » Со 53,7 отсто од гласовите победи Масуд Пезешкијан, а Саид Џалили освои 44,3 отсто

Со 53,7 отсто од гласовите победи Масуд Пезешкијан, а Саид Џалили освои 44,3 отсто

by Журнал.мк

Реформистичкиот кандидат Масуд Пезешкијан победи на претседателските избори во Иран, откако го победи тврдокорниот Саид Џалили во вториот круг од гласањето, изјави портпаролот на изборната власт синоќа на државната телевизија.

Како што пренесува ДПА, Пезешкијан освои 53,7 отсто од гласовите, додека неговиот конзервативен противкандидат доби 44,3 отсто.

Околу 61 милион луѓе имаа право да гласаат за наследник на претседателот Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во мај.

Во вториот круг од изборите што се одржа вчера, се соочија Пезешкијан и Џалили, откако ниту еден од кандидатите не доби апсолутно мнозинство во првиот круг на 28 јуни.

Гласачките места требаше да бидат затворени во 18 часот, но како што се очекуваше, властите им дозволија да останат отворени подоцна на многу места. Сепак, одѕивот на гласачите беше само околу 49,8 проценти според изборната власт.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More