Home » Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитетoт на воздухот

Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитетoт на воздухот

by Журнал.мк

Со поддршка на ЕУ ИПА 2 Програмата , во номври 2024 година започната е имплементацијата на проект со кој ќе се доусогласува законската рамка за квалитет на воздух со европските регулативи, објави Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во рамките на двогодишниот проект за кој Европската Унија обезбеди средства во висина од 1,5 милиони евра целосно ќе се транспонираат европските директиви (2008/50/EC, 2004/107/EC и 2016/2284/EC) во националното законодавство односно ќе се докомплетира законската легислатива за воздух.

Согласно директивите ќе се изработи комплетно нов закон за квалитет на амбиентен воздух и повеќе подзаконски акти, односно правилници што ќе ги следат барањата на ЕУ директивите и со тоа ќе се обезбеди поголема уреденост на оваа област. Исто така, ќе се подготват и планови за имплементација на директивите за квалитет на воздух со вклучени фискални импликации за нивно спроведување.

Во рамките на проектот ќе се изработат националните плански документи за заштита на амбиентниот воздух што произлегуваат од Законот за квалитет на амбиентен воздух, во кои ќе се дефинираат и приоретизираат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во соработка со надлежните институции.

Во исто време ќе се работи на подобрување на националниот инвентар за емисии во воздухот и подготовка и спроведување на план за мониторинг на тешки метали, полициклини ароматични јаглеводороди и испарливи органски сооединенија. Согласно зголемениот обем на мерења ќе се воспостават зони и агломерации за овие супстанци.

Во исто време ќе се работи и на зајакнување на административните капацитети за нивно спроведување и со тоа подобрување на квалитетот на воздухот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk