Home » Сојузот на борци од НОБ со отворено писмо до Касами

Сојузот на борци од НОБ со отворено писмо до Касами

by Журнал.мк

Општина Тетово формираше работна група за именување и преименување на улици, плоштади, паркови и некои инфраструктурни објекти. Во првата фаза е направен регистер на сите улици, по што треба да се распише јавен оглас за предлози со имиња, кои потоа треба да поминат во Советот и на владина седница.

По најавата за именување и промена на имиња на улици во Тетово, Сојузот на борци од НОБ испрати отворено писмо до градоначалникот Билал Касами во кое му порачува да нема преименување на улици кои носат имиња од антифашистичкото минато на македонскиот народ, но и да не се предлагаат имиња со кои се нарушува угледот на земјата и се навредуваат чувства на граѓаните.

Во писмото го потсетуваат Касами дека треба да биде градоначалник на сите граѓани кои живеат во општината и дека согласно законските одредби, Одлуката за определување на име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект, која ја носи Советот, мора да има и мнозинство гласови од советниците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во општината, а листата на имиња мора да има и согласност од Владата.

Тоа значи дека ниту Советот смее, ниту Владата може да се согласи на листа со предложени имиња на личности кои се дел од фашистичката коалиција од Втората светска војна, на припадниците на фашистичките балистички формации, ниту имиња кои учествувале во војни и тероризам против безбедносните сили на Република Македонија или загрозиле јавна безбедност на наши или странски граѓани – велат од ОО Сојуз на борци Тетово.

Во писмото кое се упатува и до централната власт и амбасади, се вели дека определувањето на имињата на улиците не е инструмент со кој може политички да се профитира, туку е отворање на пандорината кутија од која може да излезат големи непријатности за сите. Според закон ваква постапка е забранета шест месеци пред одржувањето на избори, додаваат од Сојузот на борци.

„Јавно апелираме до државниот врв, особено до Владата веднаш да го осуети овој срамен обид за креирање на немир во Тетово, инициран и поттикнат од националистот Билал Касами. Јавно апелираме до сите политички партии, парламентарни и непарламентарни веднаш јавно да го осудат сценариото во кое сака да нѐвовлече Билал Касами. Јавно апелираме до амбасадите на ЕУ И САД и до целиот дипломатски кор на меѓународната заедница, да преземат дипломатска активност да се спречи националистичкото сценарио“, пишуваат од OО Сојуз на борци Тетово.

Општина Тетово формираше работна група за именување и преименување на улици, плоштади, паркови и некои инфраструктурни објекти. Во првата фаза е направен регистер на сите улици, по што треба да се распише јавен оглас за предлози со имиња, кои потоа треба да поминат во Советот и на владина седница.

Во 2007 година, тогашното општинско раководство ги промени имињата на 20-тина улици во градот, само со одлука на Советот, па така во локалната комуникација Општината ги користи новите имиња, а во државната комуникација улиците и натаму се водат со старите имиња.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk