Home » Снимка од куче што се обидува да си игра со новороденче ќе ви го разубави денот

Снимка од куче што се обидува да си игра со новороденче ќе ви го разубави денот

by Lina Muslija

Доаѓањето на новороденче во домот носи големи промени, не само за родителите, туку и за милениците кои мора да се прилагодат на новото секојдневие. Кога семејството добива принова, сè станува поинакво — нешто што добро го знае и јазавичарката Дафни, која неодамна стана „постара сестра“.

Дафни од самиот почеток ја сфатила својата нова улога мошне сериозно и не се одвојува од својата човечка сестричка. Но, се чини дека сè уште не е свесна за разликата меѓу бебе и возрасна личност.

На видеото што нејзината сопственичка Џилијан Џонсон го сподели на 26 април на “TikTok”, може да се види како Дафни се обидува да си игра со новороденчето, но безуспешно. Таа му носи топче на бебето, а потоа збунето го гледа бидејќи бебето само лежи и не ѝ го враќа.

Снимката брзо ги освои срцата на гледачите и собра над седум милиони прегледи — не само поради преслаткото бебе, туку и поради невината желба на кучето кое само сака да си игра.

„Од лично искуство знам дека бебињата и кучињата стануваат сојузници штом бебињата почнат да фрлаат храна на подот“, „Дафни е навистина разочарана“, „Еден ден ќе станат најдобри пријатели“, „Кучињата се толку невини“, „Ова е многу воспитана јазавичарка, дури и лае тивко за да не го исплаши бебето“ — се само некои од коментарите на гледачите.

Watch on TikTok

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk