Home » Снеже Велков свечено ја дочека есента… со пукање: „Мораше да се принесе жртва“ (ВИДЕО)

Снеже Велков свечено ја дочека есента… со пукање: „Мораше да се принесе жртва“ (ВИДЕО)

by Lina Muslija

Снеже Велков кога е елегантно облечена пред ТВ камерите, а гледачите ја гледаат на ТВ екраните, сите ја познаваат како дамата која секогаш има или да каже или да праша „Нешто конкретно“.

Кога пак ќе ја сретнат рано наутро некаде на улица, на кејот крај Вардар или по патеките на Градскиот парк,  облечена спортски во тренерки или некаков друг спортски аутфит, најчесто сите ја препознаваат како „девојката со точакот“, зашто русокосата водителка е пасиониран љубител на велосипедот.

Нема ден, или барем секогаш кога може, уште со првите петли Снеже Велков прва знае да го јавне својот најверен пријател на две тркала и две педали. Дали е тоа од Аеродром и СЦ Јане Сандански до Карпош 2, до арената Борис Трајковски и назад или некоја друга рута, синооката убавица го вади велосипедот од гаража и ита да ја извози својата дневна километража.

„Утрото е мое. Од 6:00 се пие кафе на раат прво па ако времете е погодено возам некои 19 км надвор а ако времето е непогодено тогаш вежбам еден час дома“ – ќе каже во една прилика синооката водителка.

Уште пак ако денот и се погоди како што се погоди во викенд да биде убав и сончев, едноставно прекрасен првиот есенски ден, има ли поголемо задоволство да се дочека есента вака свечено, како што само можеше да посака девојчето на точакот качено.

Арно ама, за убавото никогаш да не биде идеално, максимално се погрижи „уништувачот на забави, неговото величество господинот малер“, па нејзината дневна тура, се претвоти во несакана авантура. Така, Снеже Велков уште во првото есенско, рано, сончево сабајле ја снајде големо гајле!

Првиот есенски ден Снеже Велков свечено го прослави со пукање… на задната гума!

„Мораше да се принесе жртва… за доаѓењето на есента“ – подналутена во селфи клипчето за малерот што ја снајде раскажа водителката, додека го туркаше велосипедот наместо да го вози на прекрасниот сончев ден. Задната гума сосема издишана, а Снеже видно разочарана, туркајќи го точакот метар по метар додава: „Ќе си попешачам… некој километар“!

За жал, во тоа прво есенско утро не се најде маж што ќе помогне Снеже „да не вози на бандаж“!

Видео плејер

00:00
00:20

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk