Home » Снегот го парализираше регионот/ Проблеми има во Хрватска, БиХ и Албанија

Снегот го парализираше регионот/ Проблеми има во Хрватска, БиХ и Албанија

by Журнал.мк

Снегот го парализира сообраќајот во Хрватска, а проблеми има и во БиХ, каде е откажана наставата.

Поради ветрови и провејувањето на снегот, густиот сообраќај и метежот на повеќето патишта во Лика и Горски Котар, Хрватскиот автомобилски клуб ги советува возачите да го одложат патувањето додека не се подобрат условите.

Поради зимски услови и бурни ветрови, во моментот нема слободна траса за камиони со приколки и трактори со полуприколки во правец на Риека/Истра и Далмација и обратно.

Во поголемиот дел од Хрватска патиштата се влажни и лизгави, а снегот паѓа на северното хрватско крајбрежје, делови од централна Хрватска, Славонија и далматинската заедница. Повеќето државни патишта во Лика се затворени за сите групи возила поради снежни наноси и бурен ветер.

Суспендирани се многубројни линии на траектите, катамарани и бродовите. Можни се услови за мраз, особено на мостовите и надвозниците во внатрешноста. Возачите се предупредуваат да ги приспособат брзината и стилот на возење на условите на патот и да не излегуваат на патиштата непотребно.

Снегот што почна да паѓа предизвика проблеми во Бања Лука, каде што сообраќајот се одвива отежнато од раните утрински часови.

Албанија ја зафати невреме проследено со силен ветер, обилни дождови, а во северните делови и обилен снег, каде дебелината на снежната покривка е над 15 сантиметри, а во одделни планински места таа е и повисока. Во Тирана има паднати дрвја.

АМСМ информира дека на патниот правец Прилеп – Македонски Брод се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Забрана за движење на камиони попладнево е воведена на повеќето планински патни правци во земјата, поради врнежи од снег и тешки временски услови. Од АМСМ апелираат на внимателно возење.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk