Home » Снегот доаѓа во Македонија, температурите значително ќе опаднат: Метеоцентар ја објави деталната прогноза за следните денови

Снегот доаѓа во Македонија, температурите значително ќе опаднат: Метеоцентар ја објави деталната прогноза за следните денови

by Журнал

Преку ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд на пониските места, од снег на планините, а во северните делови понекаде врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Во ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите ќе престануваат и особено во северните и источните делови повремен снег ќе паѓа и на пониските места. Од утре ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен во вторник и кон крајот на работната недела и ова ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.

Прогноза за 09.01.2024
Минимална температура: -4°C до 1°C
Максимална температура: 1°C до 6°C

Претпладне понекаде во источните делови ќе пролетува слаб снег, а преку денот ќе биде променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 10.01.2024
Минимална температура: -8°C до -1°C
Максимална температура: 0°C до 7°C

Сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 11.01.2024
Минимална температура: -10°C до -3°C
Максимална температура: 3°C до 8°C

Претежно сончево и студено со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More