Home » Снегот доаѓа, следува значителна промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Снегот доаѓа, следува значителна промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

by Журнал.мк

До петок ќе се задржи стабилно и тивко време, по одделни котлини со појава на магла и пониски дневни температури. Од петок кон крајот на денот и за време на викендот под влијание на влажна и студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и ќе преминат во снег и во повисоките места.

Прогноза за 28.11.2024
Минимална температура: -3°C до 2°C
Максимална температура: 6°C до 15°C

Наутро со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 29.11.2024
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 14°C

Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и во текот на ноќта вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Прогноза за 30.11.2024
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 2°C до 9°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и ќе преминат во снег и во повисоките места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk