Home » Снегот ќе продолжи да паѓа во Македонија, се очекува нова снежна покривка

Снегот ќе продолжи да паѓа во Македонија, се очекува нова снежна покривка

by Журнал.мк

Снегот кој од утринава паѓа во делови од централните, источните и од североисточните предели од Македонија, ќе продолжи до крајот на денов, а ќе го има и во текот на ноќта кон утрешниот ден (вторник).

Врнежите ќе бидат претежно со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет. Снег ќе врне понекаде и во градовиоте во овие делови од Македонија.

Се очекува формирање на нова снежна покривка со висина од 1 до 5 cм, локално и до 10 cм снег. На повисоките места снежната покривка би можела да биде и поголема.

И во деновите кои се пред нас ќе имаме уште постудено време, исто така ќе има нови повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. Повторно можна е појава на повремен снег понекаде и на местата со помала надморска височина (во населените места).

НАПОМЕНА: Доколку патувате во овие предели од државава, препорачуваме крајно внимателно да управувате со своите возила, и тоа поради очекуваните нови врнежи од снег.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk