2 C
Skopje
Wednesday, January 27, 2021

Сметководител противправно присвоил 10 милиони денари од клиент

Најчитани вести

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека како одговорно лице – сметководител сторило кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Од Јавното обвинителство соопштија дека осомничениот во периодот од 28.04.2016 година до 28.11.2019 година, како сметководител за водење на сметководството на нотарска канцеларија, со намера за себе да присвои противправна имотна корист присвоил пари кои му биле доверени во службата во значителна вредност од 10.913.195 денари.

Тој неовластено пополнил и потпишал налози за пренос на парични средства од банкарската сметка на нотарот, на банкарска сметка на неговата сопруга. Потоа, осомничениот како овластен потписник на банкарската сметка на неговата сопруга ги подигнал во готово паричните средства.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Оновниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување на мерки на претпазливост за осомничениот и тоа: забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска на осомничениот да се јавува повремено на одредено службено лице и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница.

Предложените мерки се во насока на обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка, а поради постоење опасност од бегство на осомничениот и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, стои во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести