Home » Смеење, природен лек со кој не може да се претера

Смеење, природен лек со кој не може да се претера

by Журнал.мк

Смеењето е една од најстарите форми на изразување и средства за комуникација меѓу луѓето. Смеењето е природно решение и одговор за многу здравствени прашања.

Истражувањата покажуваат дека смеењето ве прави поотворени за нови луѓе и ви помага да изградите односи. Секое пријателство или врска со колегите без смеа би било апсолутно досадно и неодржливо.

Смеењето може да ја изостри вашата способност да запомните работи и истовремено може да го намали хормонот на стрес – кортизол, особено кај постарите луѓе.

Истражувачите откриле дека смеењето ги забрзува срцевите отчукувања, а потрошниот кислород при смеењето го поттикнува губењето на вишокот калории.

Бројните студии потврдуваат дека смеењето има добро влијание врз нас. Скоро и да не постои дел во здравјето за кој смеењето не е вистинскиот лек.

Смеењето ги намалува стресот и воспалението и го зголемува добриот холестерол.

Го опушта хормонот на среќата ендорфин. Освен што е задолжено за добро расположение, лачењето на ендорфинот ќе ви осигура барем некое време чувство сѐ е во ред дека со вас и со светот.

Смеењето е добредојдено во секое друштво. Хуморот и опуштеноста се формула за подобра комуникација, поврзаност меѓу луѓето и го зголемува квалитетот на дружењето.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk