Home » Смедеревка 18,3 денари, Вранец 20,8 денари – објавена производната цена на килограм винско грозје

Смедеревка 18,3 денари, Вранец 20,8 денари – објавена производната цена на килограм винско грозје

by Журнал.мк

Земјоделскиот институт – Скопје заврши и ја објави пресметката на производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, Смедеревка и Вранец.

-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство земајќи ја во предвид пресметката на Земјоделскиот институт – Скопје за производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, зголемена за 25% согласно Законот за вино. Цената на килограм грозје Смедеревка со пресметаните 25% ќе изнесува 18,3 денари. А, цената на килограм грозје Вранец со пресметаните 25% ќе изнесува 20,8 денари, соопштуваат од Министерството за земјоделство.

Оттаму објаснуваат дека производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година се пресметува согласно Законот за виното и по Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет.

Претходно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство спроведе Јавен конкурс за избор на институција и склучи Договор со Земјоделски институт – Скопје за вршење на услугата.

За денеска најавена е средба со менаџментот на Винските визби и откупувачи, каде ќе се дискутира за новите цени и откупот на грозје.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More