Home » Смартфонот со троен преклоп на Huawei пристигнува на ист ден со iPhone 16

Смартфонот со троен преклоп на Huawei пристигнува на ист ден со iPhone 16

by Lina Muslija
Кинеската компанија токму за 9 септември најави медиумски настан, на кој ќе го претстави својот телефон со тројно преклопување.

Apple на 9 септември ќе ја претстави долгоочекуваната iPhone 16 серија, која секако ќе го привлече вниманието на потрошувачите, но на истиот ден за внимание ќе се бори и Huawei. Кинеската компанија токму за 9 септември најави медиумски настан, на кој ќе го претстави својот смартфон со тројно преклопување.

Иновативниот уред веќе бепе забележан во рацете на шефот на производи за широка потрошувачка, Ричард Ју, што секако сугерира дека е подготвен за официјално лансирање. Новиот производ се очекува да биде со дебелина од  околу 5 мм кога ќе се расклопи и околу 15 мм кога ќе се преклопи.

 

Поради обликот, уредот може да понуди поголем дисплеј во отворена состојба – околу 10 инчи, што ќе го направи особено корисен за мултитаскинг. Во однос на хардверот, најверојатно ќе видиме чипсет од Kirin 9 серијата, кој исто така ќе се користи во очекуваниот Mate 70 модел подоцна оваа година.

Оваа форма на смартфони на преклопување се чини дека е следната иновација во овој сегмент. Во последните недели стана јасно дека и други кинески компании работат на слични идеи. Слични концептни дизајни веќе покажаа Oppo и Tecno, а се шпекулира и дека Xiaomi подготвува ваков телефон.

 

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More