Home » Службен весник на ЕУ: Бугарија и Романија влегуваат во Шенген по воздушен и воден пат на 31 март

Службен весник на ЕУ: Бугарија и Романија влегуваат во Шенген по воздушен и воден пат на 31 март

by Журнал

Во одлуката се наведува дека „од технички и оперативни причини, соодветно е прво да се отстранат контролите на внатрешните воздушни и поморски граници што е можно поскоро во 2024 година“.

Одлуката на Советот на Европската Унија од 30 декември за прием на Бугарија и Романија во Шенген-зоната по воздушен и воден пат, од 31 март годинава, денеска е објавена во Службениот весник на ЕУ.

Со оваа постапка одлуката на Советот на ЕУ и официјално стапи на сила.

Во одлуката се наведува дека „од технички и оперативни причини, соодветно е прво да се отстранат контролите на внатрешните воздушни и поморски граници што е можно поскоро во 2024 година“. Во одлуката се наведува и дека „овие проверки треба да се отстранат до најраниот можен датум што одговара на сезонската промена во распоредот на ИАТА (Меѓународна асоцијација за воздушен транспорт).

Во членот 1 од усвоената одлука се вели дека „од 31 март 2024 година ќе се укинат проверките на лицата на внатрешните воздушни и поморски граници со и меѓу Бугарија и Романија и ќе се применуваат одредбите од шенгенското право наведени во Анексот за Бугарија и за Романија и меѓу себе и во нивните односи со Кралството Белгија, Чешката Република, Кралството Данска, Сојузна Република Германија, Република Естонија, Република Грција, Кралството Шпанија, Француската Република, Република Хрватска, Италијанската Република, Република Латвија, Република Литванија, Големото Војводство Луксембург, Унгарија, Малта, Кралството Холандија, Република Австрија, Република Полска, Португалската Република, Република Словенија, Република Словачка, Република Финска и Кралството Шведска, како и со Исланд, Кнежеството Лихтенштајн, Кралството Норвешка и Швајцарската Конфедерација“.

Со цел да обезбеди влез во Шенген-зоната, Бугарија неодамна го укина данокот за транзит на руски гас преку нејзина територија, откако Унгарија се закани дека ќе стави вето на обидот на Софија да влезе во зоната за слободно патување Шенген.

Софија долги години бара да се приклучи на Шенген-зоната, но за одлуката е потребно одобрение од сите членки на ЕУ. Холандија и Австрија не сакаа да ја прифатат Бугарија наведувајќи ги нејзините проблеми со владеењето на правото и граничната контрола.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More