Home » Случајот Крмзов покажа и дека над 8 милиони евра од Еуростандард банка се префрлани во Турција

Случајот Крмзов покажа и дека над 8 милиони евра од Еуростандард банка се префрлани во Турција

by Журнал.мк

Над 8 милиони евра се префрлани на сметки во Турција, покажува досегашната истрага на надлежните органи околу случајот на Крмзов.

Истрагата се шири на повеќе струмички компании кои биле дел од шемата на струмичкиот бизнисмен за злоупотреба на парите.

Биле подигани пари од Еуростандард банка, а потоа биле префрлани на сметки во Турција.

Семејството Крмзов имало веројатно спрега и со Јавното Обвинителство чии предмети за поранешен сомнеж за криминал веројатно биле чувани во фиока. Ако не било така, упатените коментираат дека и немало да дојде до милионската штета во Еуростандард Банка.

Воедно, истрагата ја вклучува и Царинската управа каде за еден камион увезена роба се плаќало царина од само 1500 евра, а за истата роба во последниот период по смена на раководството на Царинска управа, се плаќало дури за 15 пати повисоки давачки, што значи дека разликата се губела во нечии џебови.

Фрапантно е како директорите на УЈП, Сања Лукареска, потоа директорите на Централен Регистар и тогашна Царинската управа останале слепи на ваквиот криминал.

Затоа за очекување е предистрагата да ги вклучи и овие лица во случајот.

Сѐ повеќе лица почнуваат да зборуваат за случајот кој се шири и до компании кои стигаат до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk