13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Словенечкиот претседател Пахор го осуди нападот врз американскиот Конгрес

Најчитани вести

Претседателот на Република Словенија, меѓу првите од регионот објави соопштение со осуда на обидот за државен удар во САД.

,,Политичарите мора да бидат свесни за последиците од своите постапки и да ја имаат сета одговорност. Треба да бидеме поврзни, а не раздвоени. Мора да промовираме толеранција, а не омраза.

Го осудувам нападот на симболот на американската демократија. Го осудувам секое насилство. Искрено сочувство и поддршка до лидерите на Конгресот и Сенатот и нивните жртви.

Верувам во демократијата и ја истакнувам важноста на нејзините институции, вклучувајќи ги изборите како темел на демократијата.

Верувам во моќта и виталноста на американската демократија која ќе ги надмине овие предизвици и ќе обезбеди мирен крај на транзицискиот период.

Сигурен сум дека новоизбраниот претседател Бајден ќе ја обедини сега длабоко поделената Америка, заедно со сите умерени политички сили и искрено се радувам на идната соработка со него”-вели Пахор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести