Home » Словaчкиот премиер пренесен во Братислава, ќе се опоравува дома по негова желба

Словaчкиот премиер пренесен во Братислава, ќе се опоравува дома по негова желба

by Журнал.мк

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска од болницата во Банска Бистрица е префрлен дома во Братислава.

Неговата состојба е стабилизирана и почнал со рехабилитација, објави словачкиот портал „Правда“.

Порталот наведува дека Фицо ќе се опоравува дома и дека тоа било негова желба.

Директорката на Факултетската болница во Банска Бистрица, Миријам Лапуникова за телевизијата „та3“ ја потврди информацијата.

На 15 мај 71-годишниот писател Јурај Цинтула го застрела Фицо. Полицијата веднаш го приведе.

Словачкиот премиер во тешка состојба беше пренесен во болница, каде му беше извршена операција.

Цинтула е во притвор и се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More