Home » Слот стана само четвртиот тренер кој во првата сезона ја освоил Премиер лигата

Слот стана само четвртиот тренер кој во првата сезона ја освоил Премиер лигата

by Lina Muslija

Англиската Премиер лига подолго време важи за најсилното фудбалско првенство во светот и вистински подвиг е еден тренер да стигне до титулата уште во својата дебитантска сезона и нема многу стратези кои можат да се пофалат со такво достигнување.

Такво нешто сега му суепа на Холанѓанецот, Арне Слот кој сезонава пристигна на „Енфилд“ од Феенорд и испиша историја со тоа што веднаш донесе титула.

Слот ја водеше екипата до доминантно освојување на трофејот во Премиер лигата и за Ливерпул тоа беше вкупно 20. шампионски пехар, прв по заминувањето на Клоп.

Пред Слот до трофеј во своите први сезони успеале да стигнат само уште: Жозе Мурињо со Челси во сезоната 2004/2005, Карло Анчелоти во 2009/10, Антонио Конте во 2016/17, исто така со Челси и Мануел Пелегрини со Манчестер сити во 2013/14.

Арне Слот на тој начин не само што го скрши митот дека новите тренери мора да минат низ долг процес на прилагодување во Англија, туку и докажа дека со визија, дисциплина и современ фудбал може веднаш да се оствари резултат, дури и во најтешката лига на светот.

Фото: EPA PHOTO

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk