Home » Слот ги „поздрави“ Сити и Арсенал со комплиментите кои ги подели за ПСЖ пред реваншот на „Енфилд“

Слот ги „поздрави“ Сити и Арсенал со комплиментите кои ги подели за ПСЖ пред реваншот на „Енфилд“

by Lina Muslija

ПСЖ го надигра Ливерпул како ниту еден друг тим оваа сезона во минатонеделното дерби кое се одигра во Лигата на шампиони, но целата доминација на „светците“ беше попуста во ситуација кога лидерот во Премиер лигата постигна гол за победа во самата завршница.

Откако се одбрани од сите налети на домаќините, Ливерпул испорача убиствена контра која во гол ја претвори Харви Елиот, па тоа прави „црвените“ да почнат со мала предност на реваншот кој вечерва се игра на „Енфилд Роуд“.

Луис Енрике најави дека неговиот тим ќе игра бестрашно и дека ќе оди по голема победа во домот на Ливерпул, а Арне Слот е свесен дека работата е далеку од завршена.

Холандскиот стручњак потенцира дека неговиот тим не играл со подобар тим од ПСЖ до оваа фаза од сезоната, па со тоа воедно и ги „поздрави“ своите главни конкуренти во Премиер лигата, Сити и Арсенал.

– Никој не не надиграл како што не надигра ПСЖ минатата недела, но ситуацијата може да биде сосема поинаква на домашен терен. Како и да е, ПСЖ е тимот кој е најкомплетен од сите оние со кои игравме оваа сезона. Знам дека се соочивме со Арсенал и Манчестер Сити, не станува збор за голема разлика, но квалитетот и интензитетот кои тие го покажаа е малку повисок.

– Да бидеме искрени, зборуваме за веројатно најбогатиот клуб во светот, поседуваат голем квалитет, имаат извонреден тренер и се покажаа во најдобро светло во фудбалска смисла. Сепак, ние игравме доста подредено и на гостувањето кај Сити каде успеавме да победиме, но затоа натпреварот беше сосема поинаков кога игравме на домашен терен. Очекувам да биде така и сега, – посочи Слот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk