Home » Славни двојки кои потрошиле богатство за Денот на вљубените

Славни двојки кои потрошиле богатство за Денот на вљубените

by Журнал.мк

Денот на вљубените се слави низ целиот свет, а американските ѕвезди не пропуштаат да го одбележат со романтични вечери, а честопати и со подароци вредни милиони долари. Некои сметаат дека вистинската љубов нема цена и дека сè не е во подароците, но овие славни парови го докажуваат токму спротивното.

Бијонсе пред 12 години од нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи добила подарок мобилен телефон. Но, тоа не би било премногу скапо ако музичарот не потрошел 25.000 долари на маска од злато за телефпнот.

Иако веќе не се заедно, пејачот Џастин Бибер и Селена Гомез важеа за едни од најубавите двојки меѓу славните. Џастин ја сними неговата љубов кон Селена на Валентајн во 2011 година, кога даде 2000 долари за цвеќе. Тој ги купи сите рози и лалиња од една цвеќарница и ѝ ги испрати на Селена.

Кортни Кокс на поранешниот сопруг Дејвид Аркет му подари старомоден рингишпил со коњи вреден 45.000 долари за еден Ден на вљубените.

Британски фудбалер Дејвид Бекам не штеди кога станува збор за купување подароци за сопруга. Дејвид на Викторија за Денот на вљубените во 2006 година ѝ подари дијамантски ѓердан од „Булгари“, вреден околу осум милиони долари. Двојката го прослави Денот на вљубените на јахтата на пејачот Елтон Џон.

Иако сега се разведуваат, Канје Вест во 2013 година ѝ подари белегзија вредна 73.000 долари на Ким Кардашијан. Таканаречената куф белегзија Panthere De Cartier се состои од дијаманти и бело злато.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More