Home » Славески на чекор до Гуверенер, седницата за негов избор закажана за 28 мај

Славески на чекор до Гуверенер, седницата за негов избор закажана за 28 мај

by Журнал.мк

Собранието на Македонија во среда, на 28 мај, ќе одржи седница на која прва точка на дневен ред е изборот на нов гувернер на Народната банка. Седницата е закажана за 11 часот, а за наследник на досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески. Славески, кој доаѓа од Економскиот факултет, е предложен од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Доколку биде избран, ќе има мандат од седум години.

Од Кабинетот на претседателката велат дека изборот бил тежок и направен врз основа на стручноста, компетентноста и интегритетот на кандидатите.

„Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати,“ соопштија од Кабинетот на Сиљановска.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го поддржи предлогот на претседателката. Опозициските партии, пак, изјавија дека нема да гласаат „за“, обвинувајќи дека Славески е партиски кадар, а не независен експерт, какви што досега традиционално биле гувернерите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk